Владата спречи 850 000 евра пари на граѓаните преку злоупотреби да стигнат до разни здруженија и фондации

Владата на денешната седница констатираше дека во предизборниот период Генералниот секретаријат на Владата донел одлука за финансирање здруженија и фондации со средства од Буџетот во висина од околу 50 милиони денари или 850 илјади евра.

Поради постоењето сериозни индиции за злоупотреби на пари на граѓаните, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да ги преземе сите потребни чекори за запирање на постапката за распределба средства од Буџетот на овие здруженија и фондации.

Одлучено е да се извести Државниот завод за ревизија да ја преиспита претходната одлука за доделувањето на овие средства, а доколку постои основ за злоупотреби, да се отвори истрага за обид за ненаменско трошење буџетски пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e