Владата се консултира и ги анализира предлозите на Метју Нимиц за името

На дневниот ред на денешната владина седница нема точка која се однесува на предлозите на Нимиц за решение за името, потврдуваат од Владата за „Макфакс“. Објаснуваат дека Владата веќе работи на анaлиза и консулатации за прашањето.

„Владата на Република Македонија веќе работи на анализата и консултациите во однос на рамката доставена од медијаторот Метју Нимиц. Во наредниов период ќе вложиме напори за што е можно поинклузивен процес со вклученост на сите релевантни политички фактори во земјава, а се во насока на градење заеднички приод, став и стратегија“, велат од Владата за „Макфакс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e