Владата не слушнала никакви критики од Брисел

Владата не ги смета за забелешки констатациите на Европската Комисија кои ги упати до в.д шефот на постојаната мисија на Македонија во Брисел, за досегашната работа на извршната власт во насока на спроведување на реформите. Вицепремиерот Османи тврди дека од комесарот Јоханес Хан не примиле забелешки.

Не слушнавме било каква забелешка за текот на реформите, туку напротив само охрабрување за да продолжиме со оваа динамика. Досега не сме примиле некаква забелешка, туку следните недели се критични во делот на спроведувањето.“ – изјави Бујар Османи- вицепремиер за европски прашања

Сепак, експертите оценуваат дека забелешките што ги упати Европската Унија до владата на Заев, се всушност предупредување за тоа што може да ја очекува Македонија во февруари следната година. Андреа Стојковски, од Центарот за европски стратегии истакнува дека овие пораки на Комисијата се предвремени апели за тоа во која насока треба да се движат приоритетните реформи.

Инаку, во документот упатен до в.д амбасадорот во Брисел, Влатко Станковски Европската Комисија наведе дека владата на Зоран Заев троши премногу енергија на односите со јавноста наместо да се фокусира на реформите. Брисел бара конкретни резултати и во делот на реформирањето на тајната полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e