(ВИДЕО) Во „Чичино Село“ е како во Германија

Во домот „Ранка Милановиќ“ не се знае кој јаде, кој пие. Дојдов тука во „Чичино Село“ бидејќи имав проблеми со другите штитеници кои се сместени во тој дом. Таму ме тепаа, и имаше обид да ми ја земат жената и да ми ја злоставуваат малолетната ќерка. Надлежните не реагираа ништо, само гледаа“, вели за ЦИВИЛ Медиа бездомникот Алберт Осман.

Во дебатата „Топ Тема“ на Телма по повод сексуалното злоставување на 12 годишното девојче, претставниците на невладините организации истакнаа дека во „Чичино Село“ има проблеми, и нема соодветни услови за живеење. На екипата на ЦИВИЛ Медиа, вработените не им дозволија да влезат во домот, иако посетата не беше во својство на снимање репортажа за условите во кои живеат бездомните лица, туку да разговараат со родителот на силуваното девојче.

 „За да влезете внатре во објектот мора да имате дозвола од Министерството за труд и социјална политика, таква е процедурата. Може да ги снимате надвор од капијата“, ни одговори една од вработените.

Осман додава дека во „Чичино Село“ му е подобро, и дека не е вистина дека бездомниците имаат проблеми со Албанците кои наводно таму ги тепаат, силуваат и малтретираат.

„Чичино Село“ е како да живееш во Германија, во споредба со домот „Ранка Милановиќ“. Подобро да живееш надвор на улица отколку да живееш во „Ранка“, бидејќи јадењето што го даваат е како помија, на куче да му дадеш нема да го јаде“, додава Осман.

Тој истакна дека во Ранка немале ниту услови за живеење ниту за одржување на личната хигиена.
„Моите деца тука се бањаат секој ден, а таму немаше никаков ред. Не можев да ги носам децата на училиште бидејќи останатите ќе кажат ‘види ги овие Цигани, види што прават’, така ли е?“, додаде Осман.

Видео – ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e