(ВИДЕО) Министерот Спасовски и амбасадорот Безак ги посетија словачките полицајци на јужната граница

Министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Словачка  Н.Е. Мартин Безак денеска ги посетија полицајците од 8-та ротација на припадници на полицијата на Република Словачка, кои спроведуваат заеднички патролни активности со нашата полиција на државната граница со Грција.

-Огромна благодарност до Словачката влада,  Министерството за внатрешни работи на Република Словачка и амбасадата во Скопје за помошта која ни беше дадена кога ни беше најтешко. Ваква криза се решава само со соработка и солидарност. Сега состојбата на границата е стабилна- рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите.

Амбасадорот Безак потенцира дека миграцијата не е национален туку глобален феномен, кој бара соработка.

-Витален интерес на Словачка е Западно-балканската рута да остане затворена. Ние до сега во осум ротации испративме 190  полицајци на македонско-грчката граница и сме подготвени и натаму да помагаме- рече амбасадорот Безак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e