(ВИДЕО) Локализиран пожарот што беснееше утринава во просториите на Градежен факултет

Противпожарните екипи успеале утринава да го стават под контрола пожарот што беснееше во просториите на Градежен факултет. Според неофицијални информации огнот избил во кабинетот на еден од професорите на Архитектонски факултет и брзо се проширил.

Студентите и професорите набрзо биле евакуирани од зградата, додека пет противпожарни возила влегоа во дворот на факултетот за да се справат со огнените јазици.

Во моментов се расчистуваат опожарените простории на вториот кат. Се уште не се утврдени причините за избивање на пожарот.

Видеото е преземено од социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e