(ВИДЕО) Дали амандманите од СДСМ за Законот за јазици можат да предизвикаат криза во владејачката коалиција

Во интервју за „360 Степени“, претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговараше на прашање за тоа дали најавите за амандмани од пратениците на СДСМ за Законот за јазици можат да предизвикаат криза во владејачката коалиција.

– Нема потреба од лична дебата за прашањето на материјалниот аспект на законот. Тоа е прашање кое е дебатирано во Парламентот, тие што дебатирале ги кажале аргументите за и против и е прашање кое следува во постапката. Мое е да ја почитувам постапката и процесот да го спроведам до крај.

Знаете за некаква комуникација СДСМ-ДУИ евентуално околу оваа најава дека ќе се поднесуваат амандмани?

– Мене не ме оптоваруваат политичките аспекти на меѓупартиската комуникација, јас не се занимавам со таа работа, мене ми мируваат партиските функции во партијата и јас…

Немате ли став, како пратеник на ДУИ во однос на овие најави?

– Јас имам став и за мојот став сум гласал за законот како пратеник за политичкиот аспект на предлог-законот  и нема потреба јас како претседател на Собранието да се произнесувам за или против во смисла на тоа дека со мојот глас јас сум се определил.

Вие сте носител на висока политичка функција. Може да проценувате во овој момент дали евентуалните амандмани од пратеници на СДСМ можат да ја доведат во прашање коалицијата СДСМ-ДУИ, бидејќи ова е основата на политичкиот договор за Влада.

– Мислам дека мнозинството кое ја прави коалицијата и владина, и парламентарна, го регулирало ова прашање навреме и без разлика на понатамошните процеси, се работи за прашања што во меѓувреме се додека не заврши процесот, зошто да нема дискусија внатре во мнозинството, таква можност не се исклучва но не е прашање кое ме товари и да се занимавам со тоа и да губам време со прашања за кое надлежни се партиските органи во парламентарните групи кои го сочинуваат мнозинството.

Ајде да го поедноставам прашањето до крај. Можеби вашата позиција како претседател на Собранието зависи од судбината на овој закон, господине Џафери?

– Не. Јас не се грижам за тоа дали ќе бидам или не на оваа функција. Јас сум претседател на Собранието се додека функционира парламентарното мнозинство и се додека ја поддржува мојата функција и не сум влегол таму за математики дали ќе бидам или не и да држам страна за ова или тоа. Ова прашање припаѓа на парламентарното мнозинсво и кога и да одлучи парламентарното мнозинство има отворен пат по ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e