Весковски: Карпош е затрупан во снег, каде се потрошените 4.000.000 денари?

Прес конференција
Душко Весковски, претседател на ОО на СДСМ – Карпош
Скопје, 20.01.2017

Веќе трета недела од првиот снег, граѓаните на Карпош се затрупани од новиот снег што падна, од остатоци од претходно, замрзнати поради ниските температури. Сето тоа им го отежнува движењето и на луѓето и на возилата.

Речиси и да нема улица во општината којашто е целосно проодна и којашто не е закана за граѓаните.

Овде има и стари луѓе и болни, не можат да се решат леб и лекови да излезат да си купат. Да не зборуваме за возилата што се лизгаат на секој свиок.

Несовесното работење на градоначалникот Стевчо Јакимовски ја загрозува безбедноста на граѓаните!

Сакаме да потсетиме дека општина Карпош потроши 4.000.000 денари за зимско одржување на улиците. Еве официјален документ од Бирото за јавни набавки од склучениот договор.

За што ги потрошија Јакимовски и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот овие пари, ако не за расчистување на снегот?

Бараме веднаш да се исчистат улиците и тротоарите бидејќи граѓаните платија за тоа!

Временските услови ја извадија уште еднаш на површина неодговорноста на власта во заминување кон граѓаните и затоа е неопходно нивната мнозинска волја да се преточи во институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e