Таткото на Мартин Јанушев: Ми отиде детето од …

„Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“- со овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил.

Тој постави и фотографија од вечниот дом на Мартин.

Погребот на свирепо убиеното момче беше извршен во неделата на градските гробишта ,,Бутел“ во Скопје.

Мартин Јанушев беше убиен на 03.11.2017 , пред влезот на зградата во која живееше, со неколку куршуми во главата и во вратот.

Докторите не успеаја да го реанимираат и по четириесетина минути откако беше донесен, прогласија смрт.

МВР сеуште нема официјални информации дали е блиску до пронаоѓање на сторителите или сторителот, дали се во Македонија, дали доколку не се ќе распише потерница и сл. но врши интензивна истрага и потрага по убиецот и неговите соучесници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e