СВЕДОШТВО: Последната слика пред очите ми е како Калина и тројцата планинари одат кон врвот

Имаше силен ветер, не се слушаше ништо, а поради маглата, имаше многу слаба видливост. Групата планинари на 100 метри пред врвот, по наредбата за враќање назад, се упатија кон ски-лифтот. Последната слика што ми остана пред очите е како Калина со уште тројца планинари се упатува кон врвот на Кајмакчалан. Сè би дала да го вратам времето и да ѝ се развикам на Калина да не продолжува до врвот! Да се врати со нас! Таа нè чуваше на крајот од колоната, по цел пат предлагаше да се вратиме, но на крајот ненадејно одлучи да ги изоди последните кобни 100 метри до врвот“, сведочи Мирјана Календаровска за „Макфакс“, која беше дел од групата планинари кои со планинарското друштво „Трансверзалец“ на 10 и 11 февруари годинава заминаа во Грција, каде што се искачуваа на врвот на Кајмакчалан. За двајца од групата, оваа навидум рекреативна прошетка, заврши кобно. Калина Велевска и Александар Миновски, двајцата искусни планинари и вљубеници во природата, под неразјаснети околности се изгубија на планината, а по повеќечасовна потрага, беа пронајдени мртви и извлечени од тешко пристапниот терен.

По молкот на учесниците во турата по трагедијата што се случи, Календаровска е првата што одлучи јавно да проговори за сите стравови, предизвици и опасности со кои се соочиле планинарите што тој викенд беа на Ниџе.

сведоштвото на Календаровска во целост прочитајте го на Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e