Сугарески предлага да престане да работи Комисијата на Томе Аџиев

Горан Сугарески,пратеникот од СДСМ, денеска до Собранието достави предлог Закон за престанување на важење на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Мандатот на Законот е истечен. Беше донесен во август 2015 година, и беше предвидено дека  Комисијата за верификација на фактите ќе трае до конечно завршување а постапките, а не подоцна од 2 години од денот на отпочнување со примена на законот.

„Имајќи предвид дека со досегашната работа на комисијата не се постигна целта на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, односно постапките кои беа започнати пред комисијата се селективни и делумно врз основа на несоодветни и недоволни докази и аргументи, како и повреда на основните човекови права во текот на постапката, предлагачот смета дека Комисијата треба да го заврши својот мандат. Дополнително, во прилог на ова е и одлуките на судските органи по повод изречените решенија на комисијата“, вели Сугарески.

Експертите и опозицијата цело време додека се донесуваа одлуките за лустрација,посочуваа дека  дека Законот и Комисијата се претворија во оружје за партиска пресметка. Од страна на Управниот суд во последно време се  укинаа 20-тина одредби на Комисијата, на што реагираше и се жалеше првиот лустратор Томе Аџиев.

Сугарески предлага, вработените во стручната служба во Комисијата да бидат преземени во Министерството за информатичко општество и администрација, со што  нема да има никакви негативни последици по нив.

 

Извор А1он(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e