Средба на заменик министерот Нухиу со амбасадорот на Франција

Денеска  (13.02.) во Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република Н.Е Кристиан Тимоние. На средбата се разговараше за низа прашања од повеќе области на функционирањето на министерството, пред се во контекст на досегашната билатерална соработка на ресорите за внатрешни работи, како и околу перспективите за натамошно продлабочување и интензивирање на соработката.

Заменик министерот Нухиу и амбасадорот Тимоние се согласија дека досегашната меѓусебна соработка е на исклучително високо ниво, особено во сферата на полициската едукација и обуки и поддршката во техничка помош.

Амбасадорот Тимоние му врачи псимо на благодарност во име на владата на Франција на заменик министерот Нухиу за професионалниот и успешен анажман на припадниците на МВР во неодамнешното спасување на двајца француски државјани кои се изгубија на Шар Планина.

Од своја страна заменик министерот Нухиу, потенцирајќи ја решеноста на владата на Република Македонија да истрае на реформскиот курс, истакна дека и актуелното раководство на МВР е целосно посветено во справување со секаков вид на криминал и поставување на  соодветни луѓе на вистински места, кои ќе го вратат кредибилитет и довербата во институцијата, придонесувајќи во воспоставување на целосно владеење на правото.

IMG_0337

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ