Средба на Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева денес оствари среба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамки на неговата посета на Република Македонија.

3На средбата Специјалниот јавен обвинител Јанева го информираше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека е решително да ја исполни целта заради која е формирано. Јанева нагласи дека работата на ова Јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e