СЈО ја истражува одговорноста за пропаднатиот попис во 2011 кој чинеше 14 милиони евра

Нереализираниот попис во 2011 година е дел од „бомбите“ кои премиерот Зоран Заев како лидер на опозицијата ги даде на Специјалното јавно обвинителство, пренесува Телевизија 24. Во предистражната постапка која се води, денеска како сведок во обвинителството беше поранешниот директор на затворот Идризово, Живко Пејковски кој за Телевизија 24 ја потврди информацијата. Тој за оваа постапка во обвинителството сведочел половина час.

„Точно е, утрово бев повикан како сведок во Специјалното јавно обвинителство. Се работи за пописот во 2011 година“ – рече Пејковски.

Од обвинителството на Јанева не откриваат детали за новоотворената постапка, бидејќи како што велат, се работи за предистражна постапка. Инаку Пејковски се најде на листата аболицирани од претседателот Ѓорге Иванов во април 2016 година, кога тој ги помилува сите лица кои се опфатени во предистраги, истраги и обвиненија на СЈО. Тој веднаш испрати писмо до него и побара аболицијата да биде повлечена.

Се очекува деновиве на распит да бидат повикани и други лица кои Специјалното јавно обвинителство ги сомничи за овој случај, но и за други предистражни постапки. Во средата, како сведок на распит беше повикан и екс премиерот, Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e