СЈО деновиве ќе поднесе обвинение за случајот „Транспортер“

Специјалното јавно обвинителство најави дека во текот на наредните денови ќе поднесат обвинителен акт за предметот познат како „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Ова го соопшти специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи пред да ги образложи четирите нови истраги кои ги отвори СЈО за финансиски криминал.

Битолскиот градоначалник и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт, со што според СЈО, Битола го плаќала најскапиот превоз во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e