Сите 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ пуштени дома, ќе се чека одземање имунитет за притвор

Сите шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ осомничени дека учествувале во насилството на „крвавиот четврток – 27 април вечерва се пуштени дома, додека се чека одлуката на Собранието за одземање на нивниот имунитет, по што би им се одредила мерката притвор.

Претходно, Кривичниот суд до Собранието на Република Македонија испратил барања за одземање на имунитет за шестмина пратеници.

Според информации од Собранието, барањата се пристигнати во Собранието, но се чека на претседателот на Парламентот Талат Џафери да се врати од патувањето во Шведска за тие да бидат отворени.

Се очекува, како што е пропишано овие барања Џафери да ги достави до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски, кој треба да закаже седница на која треба да се одлучува по нив. Богоевски најави дека седница ќе закаже веднаш штом го добие известувањето од претседателот на Парламент. Најверојатно седницата на Комисијата ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

Претседателот на Собранието денеска во Стокхолм даде изјава во врска со денешните приведувања во која посочи дека пратеникот не може да биде лишен од слобода без одлука на судот, односно без да биде информиран и без дозвола на Собранието.

Неколку пратеници, заедно со уште дваесетина лица, беа приведени денеска, од вкупно 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e