Шилегов: Новотo Скопје повторно се раѓа, а Македонија со огромни чекори тргнува напред

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 15.10.2017
Почитувани Граѓани,

Е стварно зборот е збор!

Ви Ветив, Скопје нема да биде вмровски град!

Од вечерва го враќаме на граѓаните

Останатите општини ширум земјава од вечерва ги враќаме на граѓаните на Република Македонија.

Новото Скопје, градот убав, повторно се раѓа, а Македонија тргнува со огромни чекори напред.

Ова е голема победа за Скопје, во првиот круг освоивме три од десет скопски општини, а не загубивме ниту една. Во Бутел, Кисела Вода, Ѓорче и Гази Баба сме во водство, а најголемата награда од цела Македонија – победата во главниот град ќе ја дочекаме за две недели на прегласувањето каде влегуваме со голема предност!

Луѓето од Скопје, а и од цела Македонија ни дадоа до знаење дека им е доста од досегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Иако можеме да се надеваме на победа и во првиот круг во Скопје, резултатите не се сеуште јасни до крај. Но, ова во секој случај е голема победа за Скопје и за Македонија! Без разлика дали е дефинитивна победа во првиот круг или не!

Ви благодарам на сите за мирниот, демократски и достоинствен изборен ден

Сите граѓани се победници.

Вечерва победи Скопје, победи цела Македонија, доаѓа живот за сите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e