Села: Позицијата „вицепремиер за носење бурек“ ја отстапувам на ДУИ

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијдан Села, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, во Владата, изјави дека Алијансата нема да се откаже од Министерството за здравство и дека не прифаќа новоформирани позиции. Тој рече дека Алијансата останува дел од Владата додека трае процесот на реформи.

-Опстојуваме на нашите ставови и нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата. Дадов предлог да се стокми друга позиција заменик премиер за носење бурек, која ќе му ја отстапам на ДУИ. После таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ да именува свој човек – рече Села.

Тој додаде дека одбива да прави договор на договорот, посочувајќи дека при формирање на Владата е предвидено Алијансата да го земе Министерството за здравство.

Со ова некако и се искомплицираа работите откако премиерот Заев како свој предлог за министер го даде докторот Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e