СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ си ја ишка мувата од капата за „Трезор“

Сите институции мора да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство и да не ја попречуваат неговата работата, во интерес на откривање на вистината и правдата. Интерес на сите граѓани на Македонија е сомнежите за криминал и кршење на законите што призлегоа од нелегалното прислушување да бидат истражени.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на новоотворениот предмет од СЈО под кодно име „Трезор“ покажува две работи. Прво, ВМРО-ДПМНЕ има потреба да си ја ишка мувата од капата за „Трезор“. Иако, СЈО не ги објави имињата на осомничените лица, партијата веројатно се препозна во криминалот и во делата за кои СЈО тврди дека има
основано сомнение дека се сторени. Второ, Никола Груевски, Сашо Мијалков и фамилијата околу нив не сакаат да се дознае вистината за криминалот во Македонија.

Наместо ВМРО ДПМНЕ да ја информира јавноста дали во времето на нивното управување со МВР се плаќани илјада евра дневно за одржување на опрема што била неупотреблива, тие пишуваат соопштенија со навреди за СЈО. Да потсетиме, едно семејство жртва на августовските поплави добива помош од 500 евра. ВМРО-ДПМНЕ не демантира дека двојно повеќе се цицани од буџетот за фиктивно одржување на опрема на МВР.

Нервозните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ се поради тоа што 11 декември се ближи. Се ближи враќањето на правната држава. Се ближи мигот кога сите што направиле криминал ќе одговараат. Се што е украдено од граѓаните, ќе им биде вратено. – стои во реакцијата од СДСМ.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e