СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести затоа што не може да го оправда изборниот пораз

Во очајнички обид да најде оправдување за поразот во првиот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и измислици иако неколкупати претходно и официјално беа демантирани од надлежните институции.

Министерството за внатрешни работи и надлежните институции итно и неселективно постапуваат по какви било прекршувања на законите, без разлика на тоа кој ги извршил незаконските дејствија.

Времето на злоупотреба на институциите за партиски цели заврши кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заминаа во опозиција. Ослободените и професионализирани институции, денес работат одговорно, независно, во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Слободната волја на граѓаните е загарантирана и потврдена, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e