СДСМ: Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокријат фактот дека новата Влада го намалува јавниот долг

Преку одговорното и транспарененто работење, Владата предводена од СДСМ го исплати долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот долг го намали за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал. Истовремено, вратен е и Данокот на додадена вредност кон сите фирми, без уцени и без селективност како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и по овој основ во јуни и јули исплатени се 3,9 милијарди денари кон стопанството, што е за околу 70% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Очајни и залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести и скриени факти да заработи некакви политички поени. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ во своите прес конференции и сооопшенија ги набројува само задолжувањата на новата Влада, не може да го сокире фактот дека Македонија во последните два месеци успеа да го намали јавниот долг за прв пат после 2008 година.

Освен за раздолжувањa на домашниот пазар и за враќање на странски кредити, парите од задолжувањата на домашниот пазар, се користат и за спроведување на мерките што носат квалитетен живот за сите. За разлика од расипничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите од скапите и неконтролирани задолжувања се трошеа на криминални тендери, барок и споменици, денес, средствата се користат за решавање на статусот на стечајните работници, повисока минимална плата и поголема помош кон домашните претпријатија, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e