СДСМ: Членството во ЕУ и НАТО е врвен државен интерес, ВМРО ДПМНЕ да ги поддржи интеграциските процеси

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години за да ги придвижи интеграциските процеси и да работи на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Но спротивно од тоа, ВМРО-ДПМНЕ со години работеше на изолација на Македонија и спротивно на државните и интересите на граѓаните, ги кочеше евро-атланстките интеграции.

Членството во ЕУ и НАТО е клучен стратешки приоритет на Република Македонија. Владата предводена од СДСМ има за цел да ги отпочне преговорите за членство што е можно побрзо. Македонија предолго е земја кандидат за членство во НАТО и ЕУ и крајно време е овој процес да се придвижи нанапред.

Владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евро-атлантските перспективи преку отворен дијалог со опозицијата, стручната јавност и граѓанското општество. Затоа, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да се однесуваат конструктивно, да дадат поддршка на интегративните политики и активно да работат за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што е врвен државен и граѓански интерес, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e