Ременски: Директорот на агенцијата за вработување да каже како Tуарегот се нашол кај Диме Спасов

Министерката за труд и социјала Фросина Ременски го повика директорот на Агенцијата за вработување да одговори како возилото на оваа институција се нашло кај дополнителниот заменик Диме Спасов.
Ременски во изјава за 24 Вести појасни дека во август минатата година била донесена одлука на Владата врз основа на која 7 возила од министерството за труд и социјала биле дадени на други институции од кои 3 автомобили на Агенцијата за вработување меѓу кои и туарегот со кој Спасов во петокот доцна вечерта предизвика сообраќајни несреќи.
Сепак министерката вели дека одговорноста за тоа зошто возилото на Агенцијата се нашло кај Спасов треба да се бара кај директорот.
24 вести се обиде да стапи во контакт со директорот на Агенцијата Влатко Поповски, но тој не одговараше на телефонските повици.
Ременски вели дека дополнително министерството ќе истражува и за инволвираноста на возачот во целиот овој случај. За утре таа најави дека ќе одржи прес конференција на која ќе се произнесе околу настаните со сообраќајната несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e