Променливо облачно со повремен дожд во источна и јужна Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во текот на денот се очекува појава на повремен дожд и грмежи во источните и во јужните делови на земјата. Ќе дува повремено засилен северен ветер, а УВ-индексот ќе изнесува 4.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 27 Целзиусови степени.

Утре нè очекува слично време, а в петок ќе имаме постабилно време и постепен пораст на дневната температура.

Извор Мета(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e