Приведени над 20 учесници во крвавиот четврток. Еве кои

Јавното обвинителство побарало приведување на полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април. На листата се и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, приведени се над 20 учесници поврзани со упадот и насилствата на 27-ми април во македонскиот парламент. Полицијата утрово го привела Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Тој не е единствен меѓу приведените поранешни или сегашни вработени во МВР. Обвинителството побарало приведување и на Митко Пешев, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции, и на Душко Лазаров, началник во секторот за Јавен ред и мир.
Кои пратеници помагаа во упадот во Собранието.

Покрај нив, утрово биле приведени и пратеници и граѓани, за кои обвинителството по обемната предистражна постапка, имало докази дека со нивните активности  овозможиле упад на демонстранти во зградата на парламентот и кулминација на насилството.  Обвинителство побарало приведување и на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“. Според полициски извори, дел од нив веќе се приведени, а по дел сѐ уште се трага, како на пример, по Богдан Илиевски („Бетмен велит“), кој беше еден од организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“, а по нивното завршување влезе во освежениот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу приведените е актерот Владо Јовановски, учесник на протестите и еден од оние кои критичната вечер беа во парламентот, Горан Ангелов од т.н. Македонско патриотско здружение „Андон  Јанев – Ќосето“ од Велес, пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, (кои на снимки од видео – надзорот се регистрирани како ги отвораат вратите на Собранието за да влезат демонстранти), една пратеничка, поранешниот директор на ФЗОМ, Сашo Стефановски, и други. Се очекува сите да бидат донесени пред судија за претходна постапка во Кривичниот суд.

Извор: ДВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e