Почнува судењето за еден од напаѓачите во Собранието од 27 април

За во вторник во скопскиот кривичен суд е закажано судењето за нападот врз пратеничката Радмила Шеќеринска, за настаните во Собранието од 27 април 2017.

Јавното обвинителство на почетокот на август поднесе обвинение против напаѓачот на Радмила Шекеринска и тоа е еден од првите предмети кои се процесуираат за овие напади каде што беа повредени повеќе пратеници, новинари, вработени во Собранието.

Според обвинението, напаѓачот ќе одговара за сторено кривично дело – насилство за кое е предвидена казна затвор од три до десет години.

Предметот ќе го суди судијката Џенета Бектовиќ од Основниот суд Скопје 1.

„По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен Обвинителен акт против осомничениот. Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, соопшти обвинителство поднесувајќи го актот.

Напаѓачот претходно беше на распит во јавното обвинителство, а за дел од медиумите изјави дека не се кае за стореното, бидејќи не ја нападнал Шекеринска, туку сакал да и помогне. Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска се здоби со тешки телесни повреди.

Ова е второ обвинение кое е поднесено за настаните од крвавиот четвроток на 27 април. Претходно беа обвинети и осудени на условни казни девет лица  за учсетво во толпа.

извор: Сведок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e