По губењето на власта почнаа да излегуваат на дуел. Вечерва Тодоров против Спасовски

Владата на Никола Груевски во изминатите 11 години откако ја преземаа власта во 2006 година ниту еднаш не излегоа на дуел со политичкиот противник туку напротив одеа само на индивидуални интервјуа со како што обвинуваа од СДСМ нарачани прашања кај “режимските” телевизии Сител, Канал 5, Алфа, ТВ Нова …

Од пред 2 дена многу извесно е дека ВМРО – ДПМНЕ оди во опозиција по доделуваењто на мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

И како што секоја опозиција сака да се соочува со противникот така и партијата која во изминатите години се вадеше со изговорот дека тие одговараат само на народот почнаа да одат на дуели баш онака како и доликува на една демократска држава.

Вечерва во новата дебатна емисија “Само вистина” која ќе се емитува на Канал 5 на дуел ќе бидат Оливер Спасовски и Никола Тодоров, кој се смета дека е прв дуел на повисоко ниво по 11 години.

Се надеваме дека за доброто на Македонија и демократскиот амбиент на државата вакви дуели ќе гледаме почесто, дури и на највисоко ниво, лидери на главните партии во власта и опозицијата.

Дуелот почнува во 18.10ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e