Оливера Трајковска до Илија Димовски: Внимавајте да не паднете во несвест

Вечерва во емисијата ТОП ТЕМА на телевизија Телма, по повод 100-те дена на владата, гостуваа координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски, како и политиколозите Насер Зибери и Петар Арсовски.

При најавата на гостите во емисијата, водителката Оливера Трајковска, обраќајки се кон Илија Димовски рече дека со оглед на тоа дека емисијата се поклопува со обраќањето на премиерот Заев по повод празникот “8 Септември”, доколку имал задача да го засени говорот на Заев , Петар Арсовски да внимава на него случајно да не се онесвести и да го украде шоуто.

-Не, доволно простор има секој да си се искаже и тука има различни формати. Другите случувања не треба да ја прикријат содржината на искажаниот збор, но и содржината на испорачните резултати, реплицираше Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ