ОДЛИЧНА ВЕСТ: Владата го усвои предлогот за измени на Законот за минимална плата

Честитки до работниците, вечерва Владата усвои предлог за измени на Законот за минимална плата – од утре започнува процедурата во Собрание. 12000 денари. – кратко напиша на Фејсбук, министерката Мила Царовска.

Владата на Република Македонија го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари. Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.

Усвоените измени на предлог законот, владата во текот на денешниот ден веднаш ќе ги достави до Собранието на Република Македонија на разгледување и усвојување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e