Обраќање на ФРОДЕМ до членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани членови на ЦК на ВМРО ДПМНЕ

ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА се обраќа до Вас со замолница и желба за разумно и статутарно постапување во текот на денешната седница. Набрзина закажаниот и нестатутарно одреден предлог – термин за одржување на вонредениот  Конгрес на ВМРО ДПМНЕ сметаме дека е во прилог на ретроградните сили, криминализираните структури и непријателите на партијата. Желбата да се одржи брз вонреден Конгрес замислен според теркот на досегашното раководство во заминување, уште еднаш ќе покаже дека партијата сеуште нема сили да се оттргне од прергратките на фамилијата.  Одржувањето на вонредниот Конгрес на партијата не треба да доведе до ново и дополнително разединување на партиското членство, туку тој треба да биде ОБЕДИНУВАЧКИ КОНГРЕС.

Во таа насока Фродем Ви предлага:

  1. Најавената оставка на Никола Груевски е дефинитивен чин и истата треба биде и формално прифатена на првиот првиот закажан демократски и обединувачки Конгрес на партијата
  2. Со оставката на Груевски во оставка е и ИК на партијата и истот нема право да донесува никакви одлуки.
  3. Го повикуваме ЦК на ВМРО ДПМНЕ под итно да донесе ОДЛУКА за одржување на вонреден Конгрес на партијата согласно одредбите од Статутот (кој ке се одржи во рок од 60 дена од донесувањето на Одлуката)
  4. Бараме ЦК да усвои критериуми за демократски избор на делегати на вонредниот Конгрес и да го утврди максималниот број на делегати на Конгресот.
  5. По усвојување на Одлуката за одржување на вонреден Конгрес и усвојувањето на Критериумите за избор и број на делегати, бараме денес ЦК да избере заедничко КООРДИНАЦИОНО ТЕЛО составено од досегашни членови на ЦК и ИК кои не се осомничени и обвинети по ниту еден основ и од претставници на внатре партиските групации и асоцијации.
  6. До оддржување на Конресот со пратијата да раководи новоизбраното КООРДИНАЦИОНО ТЕЛО
  7. Во тој период Коодринационото тело потребно е:
  • да изготви нацрт измени и дополнувања на Статутот кои ќе бидат предложени на Конгресот
  • да овозможи Општинските и месните комитети на партијата демократски да изберат делегати за Конгресот,
  • да го организира и да го спроведе одржувањето на Конгресот на кој ке се избре нов лидер на партијата како и новите органи и тела.
  1. По изборот на Координационото тело предлагаме да се распушти ЦК на ВМРО ДПМНЕ.
  2. Посебно сакаме да напоменеме дека до изборот на новото партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ, Координационото тело  потребно е да пружи максимална заштита и поддршка на сите обвинети и осомничени партиски членови, да се залага да се почитува презумпцијата на невиност, да бара правично и фер судење на сите обвинети како спречување на селективната правда.

10.12.2017 Скопје                                             ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e