Нова собраниска седница. Ова е дневниот ред

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 15. седница на чиј дневен ред е предлог Законот за употреба на јазиците. Според образложението од Министерството за правда, основна цел за носење на законот е доследна примена на уставните амандмани во законскиот текст во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.

Воедно, се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку од 20 проценти. Пратениците ќе расправаат и за интерпелациите на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку, поднесени од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e