НОВА: Функционери од ВМРО креираат лажни вести за оцрнување на Заев

НОВА откри кој стои зад фирмите кои откако почна кампањата наголемо отвораат сајтови со измислени вести. Едната фирма е поврзана со Филип Петровски, директор на Архивот на РМ, а другата со Емил Јакимовски од Централниот регистер во Скопје.

Ќе му успее ли на ВМРО-ДПМНЕ велешкиот рецепт за победа на изборите на 11 декември. Сајтовите со лажни вести кои ги креираа млади велешани му донесоа гласови на новиот претседател на Америка. По завршувањето на изборите, анализата на „Баз Фит Њуз“ покажа дека лажните вести во последните три месеци од кампањата во САД имале поголем интерес кај публиката од вестите на етаблираните медиуми како „Њујорк Тајмс“, „Вашингтон Пост“, „НБС Њус“.

bat_1173-_logo

НОВА откри два портали регистрирани во соседството. „Сазнајемо.рс“ во Србија и „Ало.ком.хр“ во Хрватска. Овие сајтови се регистрирани на 15 ноември, имаа објавено идентични три содржини за Заев, Сорос и Хилари Клинтон, а веќе наголемо нивните текстови ги споделуваа членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. НОВА откри дека зад овој портал стои фирмата „Њу Медиа Ентерпрајз“, регистрирана на улицата „Васил Ѓоргов“ број 24 во Капиштец, а сопственик е Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев од Берово.

Поп-Ѓорѓиев е вработен во маркетинг на провладиниот портал Пулс 24, а се јавува и како администратор и на други сајтови. Но, истрагата на НОВА покажа дека всушност прв сопственик на фирмата Њу Медиа Ентерпрајз бил Филип Петровски, директорот на Државниот архив и човекот неформално задолжен во ВМРО-ДПМНЕ за медиумска кампања на социјалните мрежи.

Филип Петровски

НОВА беше на адресата „Васил Ѓоргов“ бр 24, но соседите велат дека прв пат слушаат дека тука има некоја фирма. А соседниот стан, пак, е оној кој во 2014 беше актуелен по групата регистрирани гласачи од Пустец. Ако тогаш на оваа адреса се прославија со гласачите од Пустец, сега таму ги чека нова слава како локацијата за штаб за креирање на портали за лажни вести кои ќе допринесат за валкана кампања.

filip

Заев ќе ја федерализира Македонија за мито од 10 милиони евра.

Ова беше првата лажна вест објавена на новокреираните портали. Иако лажна, веста ги зовре партиските страсти и успеа да им се продаде како вистина.

„Заев треба да се протера од Македонија“, ввелат револтираните вмровци.

Но ова не се единствените портали. НОВАТВ дознава дека се подготвуваат и други кои наскоро ќе станат активни. Еден од нив е регистриран на 14 ноември. Тоа е порталот Јавно.мк, а според документите од Централниот регистар зад овој сајт стои Друштвото за маркетинг и услуги „ЊУ МЕДИА АДВЕРТАЈЗИНГ ДООЕЛ“ од Крива Паланка. Сопственик на фирмата е Даниел Јакимовски, вработен во Владата, и брат на Емил Јакимовски портпарол во Централен регистар како кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

javno

Истата стратегија како и ВМРО-ДПМНЕ ја применува и братската партија ДУИ. НОВА откри и неколку нови портали на албански јазик кои треба да привлечат гласачи за ДУИ. Најголем дел од нив се регистрирани непосредно пред почетокот на кампањата. Два портала се поврзани со роднини на високи функционери на ДУИ.

Интернет маркетинг експертот Дарко Булдиоски вели дека стратегијата со лажните вести не е наивна. Зошто и претходно се покажа како добра стратегијата една вест создадена на некој од провладините портали, потоа бомбастично се пренесува на националните телевизии.

НОВА веќе правеше истражување и има изворни сведоштва од уредници и новинари за тоа како се создава и шири пропагандата и колку е опасна на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ како партија е позната по пропагандата машинерија и разните методи со кои се служи во медиумите за да влијае на мислењето во јавноста. На овие избори ќе се обиде да го примени велешнкот рецепт, за влијание на граѓаните со вести од „странство“, бидејќи поради Пржинскиот договор македонските медиуми ќе бидат под специјален мониторинг. Но кога медиумите не се во Македонија, тогаш одговорноста е недостижна.

Извор: НОВА

Автор: Маја Јовановска

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e