Николовски од Кр.Паланка: Ќе го заплениме криминалниот имот и ќе го вратиме на граѓаните

“Јас, почитувани граѓани го предводам тимот на Изборна единица 3 заедно со идниот премиер Зоран Заев и одлучно сме решени ПАРИТЕ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ!

И вашите украдени пари од власта ќе ги вратиме назад кај вас граѓаните! Со нив ќе ја искорениме сиромаштијата што Никола Груевски ја остава во наследство! Ќе има бројчаник, вети идниот премиер Зоран Заев и ќе го одбројува секое ваше украдено евро!” – рече Николовски на митингот на СДСМ во Крива Паланка.

“Никола Груевски почна да измислува приказни за федерализации, кантонизации, за бакрачи! Нема да има кантонизација ќе има конфискација!

Е со таа конфискација ќе го заплениме криминално стекнатиот имот и ќе им го вратиме на граѓаните!” – нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e