Според непотврдени сознанија на СУДСТВО.МК, утре напладне во Специјалното јавно обвинителство, во својство на сведок, ќе се појави обвинетиот Никола Груевски.
Останува непознато за кој случај е повикан Груевски, но се претпоставува дека се работи за нов предмет, односно за една од новоотворените предистражни постапки.
Она што е извесно е дека Груевски, по неколкуте беуспешни обиди за достава, поканата на СЈО за сведочење ја примил само кратко време по завршувањето на судскиот процес наречен “Нарачани шамари во Општина Центар”, а во кој Груевски се јавува како првообвинет за сторено кривично дело поттикнување.