MВР сѐ уште трага по убиецот на Мартин Јанушев

Имаме осомничено лице, трагаме по уште едно лице кое најверојатно му помагало на осомничениот убиец, обезбедени се сведоци и ги преземаме сите мерки за пронаоѓање на осомничениот за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев (28), велат од МВР.

Убиството се случи во петокот вечерта околу 18 часот на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром кога Јанушев излегувајќи од зградата каде што живее беше застралан во главата со неколку куршуми.

Очевидци го препознале убиецот, идентитетот веднаш го кажале на полицијата, но оттогаш тој е во бегство. Неофицијално, се работи за лицето Р.Т., човек од скопското подземје за кого полицијата има дебело досие. Се објавија и информации дека наводниот убиец бил пуштен на викенд од издржувањето на затворската казна за трговија со наркотични средства.

Но, официјално од МВР не се откриваат детали од истрагата. Нема потврда ниту чие било оружјето најдено на местото на убиството. Се чекаат резултатите од вештачењата и обдукцијата, снимките од безбедносните камери и податоците од мобилниот телефон на Јанушев.

Мартин вчера беше погребан. Тој беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Неговиот брат е командир на вод во полициската единица „Алфа”, а неговиот татко е пензиониран полициски командир.

Извор: МКД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e