Митрески: Ги спроведуваме клучните мерки, обештетени се стечајците, укината е радиодифузната такса

Прес конференција,
Јован Митрески, пратеник во Собранието на Република Македонија
Скопје, 20.09.2017
Почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ги решаваат долгогодишните проблеми во интерес на граѓаните.

Со усвојувањето на Законот за стечајците, уште во првите сто дена го решаваме деценискиот проблем на работниците кои останале без работа поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Се решава статусот на околу 3.000 стечајни работници кои месечно ќе добиваат надомесок од државата во висина од 7.596 денари. Со ова се исправа историската неправда кон овие лица кои не по сопствена вина и волја долги години беа без работа и месечни приходи.

Се укина радиодифузната такса. Давачката што беше трошок за семејствата и којашто остави илјадници граѓани со блокирани сметки, повеќе нема да биде финансиска обврска за физичките и правните лица.

Веќе од следниот месец, законски утврдената минимална плата ќе изнесува 12 000 денари, а бенефитот од ваквата мерка ќе го почуствуваат околу 130 000 работници.

Почитувани граѓани,

Парламентарното мнозинство, пратениците од СДСМ и Владата продолжуваат да работат одговорно, отчетно и во интерес на сите граѓани.

Преку отворен и одговорен пристап во работата, ќе продолжи спроведувањето на зацртаните мерки што носат економски напредок, повеќе пари кај граѓаните и квалитетен живот за сите.

По локалните избори и по победата на СДСМ и коалицијата, таквиот принцип на отворена, одговорна и услужна власт, што работи во интерес на граѓаните, ќе се преслика и на локалнo ниво

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e