Министерот Николовски присуствуваше на официјалното отворање на најголемиот светски саем за храна и земјоделство во Берлин

Вчера вечерта, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваше на официјалното отворањето на најголемиот светски саем за храна и земјоделство Зелена Недела што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

Свечениот прием по повод отворањето на „Зелена недела“, беше организиран од страна на сојузниот министер за храна и земјоделство на Германија, г-дин Кристиан Шмит и од министерот за земјоделство, храна и шумарство на Република Бугарија, г-дин Румен Порожанов, како земја ко-претседавач со Европската унија.

26805242_2091682431053285_1106119181735121790_n

-Саемот „Зелена недела“ е од исклучителна важност за нас како држава, бидејќи на едно место се присутни 70 министри за земјоделство од целиот свет, како и еврокомесарот за земјоделство и рурален развој, Фил Хоган, со кои ќе размениме искуства за политиките за развој на земјоделството.
На годинешниот „Глобален форум за храна и земјоделство“ кој ќе се одржи во рамки на саемот, годинава акцентот е ставен на унапредување на сточарското производство, потенцира министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e