Мицевски: Директорот на ЈП Комуналец од Кр.Паланка се расфрла со парите на граѓаните

“Почитувани граѓани, погледнете ги овие фактури. Тие се доказ како директорот на ЈП Комуналец од Крива Паланка, Томе Тодоровски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се расфрлал со парите на граѓаните.

Со пари од јавното претпријатие директорот купил фен, пегла за коса, Мемори Дипломат душеци со вредност од 600 евра… правел гозби по ресторани и кафеани.

Како што покажува овој документ, само во првите 6 месеци од оваа година, Тодоровски потрошил скоро 250 илјади денари по кафеани и ресторани. И тоа не само во Македонија, туку и во странство. Со парите на граѓаните Тодоровски си плаќал сметки во угостителски објекти во  Скопје, Куманово, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Прилеп, во соседна Србија во Врање, Белград, Врњачка Бања, Предејане, но и во Бугарија, Австрија, Германија и секаде каде што ќе стасал.” – обвини Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

Прашањето е, со кои економски активности ќе ги оправда овие трошоци?

Членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Комуналец не презеле ништо за расипничкото работење на директорот Тодоровски. Згора на сето ова на 03.10.2016 година, тој  повторно е избран на истата позиција иако нема поднесено ниту еден квартален извештај за своето работење за тековната  година. Со ова директно е прекршен член 23 од Законот за јавни претпријатија.

Во оваа прилика уште еднаш ќе побараме одговор на советничкото прашање: Со кое право лично тој од базата на регистрирани обврзници го сторнира претплатничкиот број 1089 на еден правен субјект од Крива Паланка?

Неизвесно е дали ќе добиеме одговор на сите овие прашања, но едно е извесно:

По 11 декември ќе има промени!

По 11 декември ќе има правда и ќе има ревизија за работењето на ЈП Комуналец.

По 11 декември одговорност мора да има и ќе има! – додаде Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e