Кристина: Никола, не ти простувам!

Никола, не ти простувам!

– Не ти простувам заради спроведениот фашистички терор, врз својот сопствен народ.
– Не ти простувам заради сите овие уништени години, заради сите оние уцени, закани, притисоци.
– Не ти простувам заради малата Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски, Tomislav Kezarovski, Велија и многу др.
– Не ти простувам заради сите оние денови поминати на улица, кампувања и Шарени Револуции, додека мрзнев и киснев, додека марширав на +50, а додека ти и Началниче мирно си ја пиевте чашата со виски во Мериот и белата палата.

– Не ти простувам заради сите уништени животи и фамилии на оние кои размислуваа поинаку од тебе и твоето фашистичко делување, затоа што сакаше да ја убиеш правдата, слободата, демократијата, затоа што бевме третирани како граѓани од трет ред.
– Не ти простувам заради обидот да ја уништиш интелектуалната и прогресивна моќ на младиот човек.
– Не ти простувам затоа што ми ги избрка другарите надвор од државава.
– Не ти простувам за Диво Насеље, Никола, 8 фамилии зави во црно, а мајки во црнина не простуваат Никола.
– Не ти простувам заради 27-ми Април Никола. Заради Зоран Заев, Oliver Spasovski, Петре Шилегов, Damjan Manchevski, Radmila Sekerinska, Aleksandar Kirac, Bocvarski Blagoj, Љупчо Николовски, Maksim Dimitrievski, Frosina Remenski, Pavle Bogoevski, Dime Velkovski, Талат Џафери, Зијадин Села и останатите кои беа внатре додека џелатите се обидуваа да ги ликвидираат!

– Не ти простувам заради сите украдени пари, провизии, тендери, местенки, додека народот немаше за леб.
– Не ти простувам заради овие зборови на шефот на твојот кабинет: “Он, жена му, децата, све у ендек ќе ги најдат….
– Не ти простувам заради апсолутната партизација на секоја пора од општеството.
– Не ти простувам заради сите апсења, притвори, полициски хајки врз моите другари со цел да не заќутиш.
– Не ти простувам Никола, за ниту една солза на мајка ми, татко ми, додека едвај сврзуваа крај со крај, плашејќи се за мене, мојата иднина и иднината на мојот брат.

ФБ статус на една Кристина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e