Кој го изврши, а кој го нарача убиството на фудбалерот Јанушев?

03 ноември, петок. Од тогаш Филип Секуловски како осуденик излегува на слободен викенд и не се враќа зад решетки во Шутка. Неговото бегство го констатира затворската управа, а потоа и Управата за извршување на санкции.

„Тоа лице не е вратено во КПУ- затвор Скопје, распишана е и потерница“, потврдуваат од Управата за санкции.

Додека полицијата со потерница го бара Секуловски, на социјалните мрежи се појави статус од лице потпишано како Атанас Секуловски, кој се претставува како негов чичко.Го советува што и да направил, да се пријави за негово добро, а на извесен Раде му порачува да го ослободи Филип од секакви притисоци и да не манипулира со него.

„Филип, чичко ти те советува што и да си направил да се пријавиш затоа што е за твое добро. На Раде му порачувам, ако мисли дека може да манипулира со туѓи животи многу се излажал, на погрешна адреса се упатил. Ако е маж нека не те злоупотребува и нека те ослободи од секакви притисоци, јас знам дека е така како што велам.“
Овие пораки засега се мистерија за јавноста, исто толку голема и долга како и убиството на фудбалерот Мартин Јанушев пред неговиот дом во петокот. Надлежните органи засега официјално не потврдуваат поврзаност на избеганиот осуденик, со убиството на фудбалерот. Детали за истрагата сеуште нема.

„Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство активно работи на расчистување на случајот.“ – велат од МВР.

Обвинителството се уште ги прегледува камерите на околните објекти, а на распит беа повикани сведоци на настанот, пријатели и роднини на Јанушев. Во отсуство на официјални информации, отворено прашање останува и дали зад убиството на фудбалерот стои и нарачател.

Десетина дена пред убиството аналитичарот Сашо Ордановски, ја отвора темата за активирање на рекетарството во македонското подземје, споменувајќи новоотворена агенција за обезбедување, која се поврзува со лица за кои има шпекулациии дека се директно вмешани во убиството.

„Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема. Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија.“ – напиша Ордановски.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа итна разрешница на случајот со обвинување дека инцидентот има политичка заднина и го повикаа министерот Спасовски да си даде оставка.Од МВР ги негираат обвинувањата на опозцијата и велат дека истрагата е во тек.

Извортелевизија24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e