Кирацовски: Не дозволувам притисоци, да се одложи предизборното оценување на администрацијата!

Прес конференција, 29.09.2016
М-р Александар Кирацовски

Сакам да ја известам јавноста дека покренав иницијатива, апсурдното оценување на службениците, да се одложи и за 2016 година.

Побарав измени на Законот за административни службеници по скратена постапка и група пратеници уште денеска ќе го поднесе предлогот во Собранието.

Изборна година е, за два месеца се предвремените парламентарни избори и не дозволувам никој предизборно да им се заканува и да ги уценува вработените во администрацијата, посебно не со уценувачкото и нелогично оценување.

Оценувањето се врши на крајот на годината.

Во оценката во најголем процент има влијание мислењето на шефовите и раководителите, кадри на власта на Груевски, а оваа власт сите и слушнавме и видовме дека користи се што може за партиски цели и ова мора да се спречи!

Овие избори мора да бидат чисти и регуларни и ќе направам се да ги заштитам вработените во администрацијата.

Лани заедно со вас извршивме притисок врз власта, оценувањето за 2015 година да го прогласат за пилот проект со што спречивме над 1.700 службеници или да бидат избркани од работа или да бидат парично казнети со шест месечно намалување на нивната плата.

Оценувањето на администрацијата, така како што е предвидено е всушност самоволие на власта легализирано со закон, за да можат да тераат партиски, бизнис и други цели.

Измените што ги иницирам се одложување на примената на законот до крајот на 2017 година.

До тогаш низ широка јавна и експертска расправа да биде утврден начин за мотивација на вработените во администрацијата, наместо овие казнени политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e