Јавното обвинителство по извршениот јавен притисок конечно ќе постапува по заканите за претседателот на ЗНМ

Скопското Јавно обвинителството ќе постапува по случајот за заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани

– Во Основното јавно обвинителство Скопје на 9 март примено е писмено известување од СВР Скопје – Единица за насилен криминал и веднаш е распоредено кај надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот, велат за МИА од Служба за односи со јавноста на ЈОРМ.

Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител презема дејствија за прибирање на потребни податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e