Јавно извинување до ТВ Телма

Тимот на и- портал упатува ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ до телевизија Телма во врска со прилогот  http://iportal.mk/makedonija/ilija-dimovski-se-zakani-so-nov-incident-vo-sobranieto/ во кој како резултат на недоразбирање беше наведено дека поранешниот премиер, Никола Груевски, во емисијата  ТОП ТЕМА гo повикал народот да не седи по дома, после што се случија инцидентите од 27 Април. Имено Груевски гостува на ТОП ТЕМА еден ден по инцидентите, додека повикот на кој се повикуваме Груевски го има направено на својот Фејсбук профил како и на една друга национална телевизија.

Тимот на и- портал ја цени ТВ Телма како целосно професионален и коректен медиум и  на никој начин со текстот во прилогот не било цел да и се наштети на телевизијата.

Одтука конкретниот текст е повлечен и веќе не е дел од конкретниот прилог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e