Јанева: Никој нема да ме обесхрабри и замолчи; Прислушувала УБК , најмалку 5.827 граѓани

“Никој нема да ме обесхрабри и нема да влијае на исполнување на задачите која ми ја дадоа граѓаните. На моја страна се Уставот, законите, правдата и вистината.

Нема да молчам за ниту една нерегуларност и никој нема да биде заборавен во борбата против беззаконието. Криминалците мора да застанат пред судот на правдата независно за кој станува збор – изјави Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, при објавување на денешната најнова истрага „Таргет“ за нелегалното прислушкување”

„Десет лица, тогаш и сега вработени во Управата за безбедност и контраразузнување, ја злоупотребиле службената положба и овластување и без судски налог или надвор од судски налог, давале налог и сами слушале, незаконски, политичари, лица од бизнисот и новинари, рече на прес конференција обвинителката Фатиме Фетаи.

Вака започна пресконференцијата на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинува дека прислушувањето во Македонија се вршело од страна на УБК а осомничени се вработени во управата.

Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека од досега обраотени снимики, незаконски биле прислушувани 5. 827 граѓани.

Помеѓу прислушуваните лица кои кои незаконски биле прислушувани, обвинителката Фатиме Фетаи ги наведе само  имињата на новинарите Борјан Јовановски, Горан Михајловски како и Менче Атанасовска Точи. Исто така изјави и дека биле прислушкувани надвор од законот сите осомничени во случајот “ПУЧ” меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој незаконски бил следен 1.150 дена, Зоран Верушевски 600 дена, а неговата сопруга 816 дена..

Фетаи изјави и дека прислушувањето продолжило и во 2016 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e