Истражување: ЈП Комуналец од Кр.Паланка купувало магнолии од 130 евра, трендафили за 340 евра!

Според фактурата, испорачана на 7-ми март, комуналното претпријатие од Крива Паланка за 180 трендафили платило 340 евра, за една магнолија биле платени 130 евра, додека во истиот ден за нешто повеќе од илјада саксии била платена сума од 200 евра.

Трендафили за сума од 340 евра, магнолија што чини 134 евра, биле само дел од набавките на комуналното претпријатие од Крива Паланка направени на неколку дена пред осми март минатата година.

Според фактурата, испорачана на 7-ми март, ова комунално претпријатие за 180 трендафили платило 340 евра, за една магнолија биле платени 130 евра, додека во истиот ден за нешто повеќе од илјада саксии била платена сума од  200 евра.

За лалиња, зумбули, нарциси, петунии, бегонија, кои според склучените договори се наменети за парковите и улиците во Крива Паланка – речиси секој месец од сметката на ЈП Комуналец се трошат по околу илјада евра. Различните видови цвеќиња, комуналното претпријатие ги купувало минатата година, но истата пракса продолжува и оваа година.

За набавка на цвеќиња и зеленило се трошат – 23 илјади евра

За набавка на цвеќиња, трева, дрва, но и саксии, комуналното претпријатие од Крива Паланка за последните две години  плаќа 23 илјади евра.

Различните видови цвеќиња, две години по ред се купуваат од една иста фирма. Станува збор за „Стандард Александра“ со која, и лани и годинава се склучени два договори, и тоа на идентични износи од по 11.500 евра.

Но, дополнителни 3.500 евра, само годинава ќе се платат за да се набават средства за заштита и прихранување на цвеќето и зеленилото, за што со друга фирма веќе е склучен договор. Исто така, годинава е купена и една косилка за трева со седиште која чини 1.800 евра.

„Стандард Алсаксандра“ го снабдува ЈП Комуналец  –  од цвеќиња, преку опрема за фонтани, па се до канцелариски материјал

Но, освен зеленилото, ЈП Комуналец од фирмата „Стандард Александра“, набавува и многу други работи. Па така, годинава од истата фирма ЈП Комуналец ќе купи опрема за фонтани и систем капка по капка. За таа цел веќе скучиле договор во износ од 5.700 евра.

И тука не завршува соработката со оваа фирма. ЈП Комуналец од „Стандард Александра“ набавува и канцелариски материјал, за што за последните две години се склучени договори во износ од 15.900 евра.

Па така, годинава за да купи канцелариски материјал од „Стандард Александра“, ЈП Комуналец ќе плати 10.800 евра, а додека лани со оваа фирма бил склучен договор во износ од 5.100 евра, со кој се набавувало од хефталица, до пенкала, папки и хартија.

Сите овие договори што ги анализира Фактор се добиени согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер.

За директорот на ЈП Комуналец, од Крива Паланка, Томе Тодоровски опозициската СДСМ поднесе кривична пријава за незаконско работење, а тој пак се закани со контратужба.

Извор: Фактор

Автор: Наташа Стојановска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e