Истече рокот: До ДИК поднесени 24 приговори од партии и 59 од граѓани

Утрово во 2 часот истече рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.

До синоќа во 19 часот поднесени се 24 приговори, две од ТМРО, една од Алијансата за Албанците и 22 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

До ДИК се поднесени и 59 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право.

ДИК е должна, во рок од 48 часа по приемот, да одлучи по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e