Грујовски: Од кои фондови Митревски ги плаќа рекетарите кои го штитат?

„Разрешениот поранешен претседател на Сојузот на синдикати (ССМ), Живко Митревски е опасен човек и користи насилнички методи за да ги заплашува членовите на синдикалните организации. Сето време шета со рекетари и луѓе што го штитат, меѓутоа јас не знам од кои фондови ги плаќа“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Пецо Грујовски, претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Грујовски вели дека вчера во ресторанот „Национал“ физички биле нападнати претсeдателот на АГРО синдикатот, Живко Даневски и советникот Лазе Ѓорѓиески.

„Митревски ќе негира дека ги нападнал, но во ресторанот имаше сведоци кои дале изјави во полиција. Ние веруваме дека полицијата ќе го расчисти случајот“, додава Грујовски.

Грујовски очекува дека набрзо ќе остварат средба со министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, и ќе се реши целата ситуација околу разрешувањето на Митревски.

Се обидовме да го добиеме за коментар Живко Митревски, но нашите обиди беа неуспешни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e