Грујевски и Бошковски уапсени во Солун, се спремале за бегство кон Будимпешта

Според сеуште неофицијални информации синоќа се уапсени Горан Грујевски и Никола Бошковски. Според сознанијата, двајцата се уапсени во Солун откако грчката полиција постапила по меѓународната потерница за двајцата бегалци кои се откриени во Солун, а веднаш по лоцирањето и се приведени.

Додека МВР и Министерството за правда чекаат официјални потврди и барања, грчките медиуми, повикувајќи се на информации од грчкото МВР, јавуваат дека двајцата македонски државјани, поранешни припадници на разузнавачка служба, со фалсификувани пасоши се уапсени на солунскиот аеродром кога се обидувале да ја напуштат земјата.

Според грчките медиуми, Грујевски и Бошкоски имале намера да патуваат од Солун за Будимпешта.

И двајцата се во бегство од пред три месеци за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметот „Тврдина и Таргет“, заради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

СЈО сега чека што побрзо екстрадиција на Грујевски и Бошкоски.

„СЈО е информирано за приведувањето на двете лица во Грција. Во овој дел од постапката СЈО нема надлежност, но очекуваме екстрадициската постапка да заврши што побрзо, како и дека обвинетите ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе започне побрзо“, велат од СЈО за МКД.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e