Груевски повикан во СЈО да сведочи за провизија за струја?!

Сосема нова предистражна постапка отвори Специјалното јавно обвинителство. Се работи за земање провизии за електрична енергија, а како прв сведок на распит беше повикан екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. За оваа истрага обвинителството ќе сослушува и други лица, а поседува и телефонски разговори кои досега не се објавени.

„За финансиска истрага која се води во нашето обвинителство во предистражна постапка. Се однесува на земена провизија. Имаме два разговори кои не се јавно објавени, кои се извештачени дека се работи за разговори кои се водат во континуитет помеѓу две лица на телефонска линија. Ова е сосема нов случај но има и други финансиски истраги кои се водат“, вели Јанева.

Груевски помина два часа во обвинителството. Според него, овој зафат на Специјалното обвинителство е незаконски бидејќи работи со истечен мандат за покренување обвиненија а целта било како што рече да се дефокусира јавноста.

„Им укажав дека ова што го работат е незаконски, дека нивниот мандат веќе одамна е истечен и дека овие предистражни постапки што ги тераат се практично малтретирање на граѓаните во услови кога тие не може да покренуваат никакви обвиненија и практично работат незаконски. Но, за да не излезе дека сум одбегнувал да дојдам, дојдов и им го кажав моето мислење и одговарав на некои прашања што ме прашуваа“, смета Груевски.

Запрашан дали ќе ја негира во судот содржината на прислушуваните разговори кои ќе се користат како докази во судница, Груевски не одговори конкретно, но се повика на законските одредби според кои незаконски прибавени аудио или видео материјали не може да се користат како доказ во судска постапка.

По досега неколкуте преиначени одлуки на скопскиот основен суд, Апелација денеска одлучи дека бомбите ќе се користат како докази и во предметот Титаник 2 во кој единаесет лица, меѓу кои и екс шефот на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, се обвинети за изборни нерегуларности.

ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e