ФАКТОР: Од каде доаѓа валканиот кеш на ВМРО-ДПМНЕ?

Се множат истрагите на Специјалното јавно обвинителство во кои осомничен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во најновите случаи, „Талир“ и „Траекторија“, ќе се гони за перење на пари и злоупотреба на службената положба.

Тројката од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска ги образложија нивните сомневања поткрепени со докази, а по неколку часа тројца сопартијци на лидерот го бранеа на прес конференција:Емил Димитриев, Антонио Милошоски и Никола Поповски. 

Со изјава се јави и лично Груевски кој обвини дека целта „на партијата СЈО-СДСМ е да се искомпромитира партијата и тој како лидер“.

Според доказите на СЈО, Груевски создал криминална група со помош на која незаконски стекнати пари ги внесувала во партијата како донации од физички лица. На таков начин дури 5 милиони евра биле уплатени на жиро сметката на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со нив бил купуван недвижен имот, пасишта, ниви или вкупно СЈО нашло докази за договори за 78 недвижен имот. Истрагата се однесува за незаконско финансирање на партијата во периодот од 2009 до крајот на 2015 година.

„Мотивите на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и во обезбедување на целосна контрола над политичката партија“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Помеѓу 14-те осомничени за случајот „Талир“, освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се наоѓаат и повеќе високи функционери од партијата од кои најголем број се членови на Извршниот комитет.

Осомничен за овој случај е и Мартин Протоѓер, член на Извршниот комитет на партијата и поранешен генерален секретар. Осомничени се и Емил Димитриев и Кирил Божиновски,како генерални секретари на партијата.

Потоа Илија Димовски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, како и Иво Котевски и Александар Бичиклиски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Под истрага на СЈО се и уште тројца партиски функционери.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e